„Градски паркинзи“ наплаќаат за паркинг, а не го чистат снегот од паркинзите –реагираат битолчани

Јануари 08, 2019

Паркинзите низ градот се затрупани со снег, возилата нема каде да се остават , а  „Градски паркинзи“-ДООЕЛ - наплаќаат за паркирање, ова се реакциите на битолчани до апла.мк и на социјалните мрежи. По врнежите од снег, ниту еден паркинг простор со кој располага  “Градски паркинзи“ не е исчистен, иако тоа е нивна обврска , револтирани се возачите во Битола кои не можат да ги паркираат возилата поради неисчистениот снег, ниту пак да ги остават на коловозот за што ќе можат да се соочат со „солени“ казни.  

На ситуацијата со фотографии  и коментар реагираат и од  фејсбук страницата   Бесплатен паркинг во Битола.

-Ако одиме по тоа кој има корист од наплатата за паркинг, тоа се ДПН Паркинзи Битола и Општина Битола.
Така да кој и да е, должни се да си го исчистат снегот!, пишуваат од Бесплатен паркинг во Битола.

Битолчанецот Драган Вељанов,  граѓански активист реагира со коментар на фотографиите дека „срамота е за фирмата која управува со градските паркинзи и која за узурпацијата на цел град плаќа месечна смешна ќирија на градот од смешни 2.000 евра  да не направи една акција да го исчисти снегот од сите 1.551 паркинг место кое го управува. Треба тоа да биде нивна одговорност и лична и професионална, а не да ги тера некој тоа да го направат, пишува Вељанов .

Апла.мк ги контактираше „Градски паркинзи“ –Битола, а од таму ни одговорија дека чистењето на паркинзите е закочено поради празниците.

-Работите закочија поради неработните денови. Точно дека не се доволно исчистени, но тоа не е оставено на случајност, колку ни дозволуваат временските услови ќе се работи, ни одговорија од службите на „Градски паркинзи“ ДООЕЛ - Долно Оризари-Битола.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани