2win800x200

Двојно зголемен бројот на битолчани со скршеници

Јануари 08, 2019

Двојно е зголемен бројот на битолчани со скршеници, потврдија од Клиничката болница во Битола. Ваква е ситуацијата по снежните врнежи и ниските температури кои само во текот на ноќта паднаа до -20 степени Целзиусови, па предизвикаа и подмрзнување на улиците. Од болницата велат дека медицинските екипи во Одделението за ортопедија се зголемени, а салите работат деноноќно.

 

„Бројот на скршеници е за педесет проценти зголемен откако падна снегот. Најголем е бројот на постари лица со скршеници. Состојбата е последица на студот, мразот и големата радвиженост за празниците. Ортопедското одделение е преполно со пациенти, се прават напори одредени пацинети да се препуштат на Физикалното одделение. Екипите во Ортопедското одделение се зголемени и салите работат деноноќно. Се апелира старите лица без потреба да не изглегуваат, бидејќи кај нив рехабилитацијата од скршеници е многу тешка“, вели Сузана Конеска, портпарол на Клиничката болница од Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани