Падна цензурата во општина Битола

Октомври 25, 2017

По подолг период од речиси една година, дел од новинарите денеска за првпат влегоа поканети во општина Битола, односно во градоначалничкиот кабинет.

Вчера сите локални медиуми, како и дописниците на  националните медиуми, добија покана од општинската администрација да го проследат примопредавањето на функцијата од поранешниот градоначалник Владимир Талески на новата градоначалничка Наташа Петровска.

Од декември лани некои медиуми се најдоа на црна листа и не беа повикувани ниту на прес конференции во општинската зграда, ниту на други настани што ги организираше општина Битола.

Новинарите често реагираа на селективниот однос, но никогаш не добија официјално објаснување зошто не се повикуваат на настаните, а и по нивните рекции тие беа заобиколувани. Никој не даде одговор кој и зошто дал наредба некои новинари да бидат избришани од списокот и од меил листата.

Дел од медимите не добиваа ниту информации по електронска пошта, кои од одделениет за односи со јавност беа испраќани кај останатите медиуми. Исто така, не добиваа ниту одговори од ова одделение за поставени прашања преку електронска пошта или смс пораки, за теми кои се однесуваа на работата на општина Битола, која честопати, повикувајќи се на истражувања на невладини организации, се нарекуваше една од најтранспарентните општини во државта.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани