2win800x200

„ОпераТи“ со гала концерт по повод Св. Валентин во Битола

Февруари 02, 2019

Здружението на оперски уметници „ОпераТи“ најавува гала концерт по повод Св. Валентин. На деветти (09/02) месецов, во Народниот театар – Битола со почеток во 19 часот ќе ги почести љубителите на операта и класичната музика со изведба во живо.

Здружението е основано на лани во јуни со цел за остварување на своите и државните интереси преку развој и унапредување на оперската уметност, поголема афирмација на оперските уметници, како и за подобра промоција и пласман на македонското и светското оперско творештво и култура во земјата и странство. Иако станува збор за ново формирано здружение кое веќе може да се пофали со голем број на покани за учество на фестивали во земјава и во странство, меѓу кои: Покана за учество на летен оперски фестивал „Емил Чакаров“ град Бургас, Р. Бугарија, покана за учество на есенскиот оперски фестивал во Стара Загора, Р.Бугарија, покана за Оперски Гала Концерт во Сандански П.Бугарија со Македонски изворни песни,преработини во оперски варијант каде што ќе земат учество наши млади оперски уметници, како и низа други регионални успеси.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани