2win800x200

Страста да се искачат на Пелистер посилна од силниот ветер (фото и видео)

Февруари 03, 2019

Над 20 искусни планинари и рекреативци од повеќе планинарски клубови од Битола, го искористија денешниот неделен ден да се искачат на врвот Пелистер и покрај силниот ветер од 120 км на час.  На одредени места ударите од ветер достигнувале до 150 км на час, а планинарите тргнале кон врвот и покрај тоа што ја знаеле временската прогноза. Исто така, снежната покривка на места достигнува и до два метри, велат планинарите

{YouTube}https://youtu.be/2ybO_HTDtgQ{/YouTube}
-Искачувањето беше напорно и тешко поради ветрот. Знаевме дека ќе дува, но не очекувавме дека ќе биде толку силен. Сепак ја постигнавме целта, се качивме до врвот Пелистер во тешки услови и живи и здрави се вративме дома, а погледот е рај за душата, вели за апла.мк Живко Најдовски, долгогодишен планинар, кој е автор на видеото и фотографиите што ви ги пренесуваме
 
IMG cc08f617ee218ae2254d5b8242458519 V
IMG 4647f5b4788f3352c94f593c9131b916 V
 
IMG 22e664b69dae5a0257f8081d98ab5101 V
 
IMG d5c0375545d33a31f719693e0e007d4e V
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани