За заштита на културното наследство битолскиот Завод и музеј доби најмногу пари за црквата во Курбиново

Февруари 08, 2019

За конзервација на црквата „Св Ѓорѓи“ во Курбиново, годинава од државниот буџет ќе бидат издвоени 1,9 милиони денари. Ова е најголемата сума доделена за заштита на недвижното културно наследство за проекти на Завод и музеј-Битола. Министерството за култура денеска ги објави резултатите од конкурсот за финансирање на проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Исто така, одобрени се 1,6 милиони денари за конзервација и реставрација на фасадата на Завод и музеј, 750 илјади денари за конзервација и реставрација на архитектурата и фрескоживописот во црквата „Св. Сотир“ во битолското село Гопеш, а по 700 илјади денари ќе се издвојат за реализација на конзерваторски проекти и реставрација на минарето во Уметничката галерија Јени џамија.

За реставрација на Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола, Министерството за култура, додели 350 илјади денари, а за Спомен куќата на Стив Наумов, ќе има 280 илјади денари.

За конзервација, реставрација, одржување и други проектни активности за мозаиците во Хераклеја Линкестис одобрени се вкупно 1,1 милион денари, а исто така, за конзерваторски истражувања и одржување на археолошкиот локалитет ќе се издвојата околу 900 илјади денари.

За музејска дејност и заштита на нематеријално културно наследство битолскиот Завод и музеј ќе добие околу 1,5 милиони денари, а Музејот на Албанската азбука во Битола, околу 1,1 милион денари

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани