2win800x200

Изложба на фотографии од Дороти Пачкова отворена во МКЦ-Битола

Февруари 09, 2019

Изложба од петнаесеттина фотографии, насловена „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“,а замислена како мал патувачки проект кој треба да направи ,,game change,, во перцепцијата и само перцепцијата за жените , особено за самохраните мајки, синоќа беше отворена во изложбениот салон на Младинскиот културен центар-Битола.

Авторката Дороти Пачкова, академска сликарка, и родов експерт вели дека визијата на овој проект е да  влијае на културните ставови во општетството и да ги трансформира стереотипите.

-Оваа изложба е раакција на бранувањата кои се случуваат во нашето општеството за жените кои сами растат деца во Македонија. Решив на креативен и конструктивен начин да ги едуцирам љубителите на уметност и сите посетители,па направив мала патувачка изложба која е  создадена од концептуални фотографии кои укажуваа што се всушност самохраните мајки кои идентитети треба тие да ги градат за да може нормално да функционираат во не толку нормално општество, вели Пачкова.

На една од фотографиите  Дороти е со метла во раката, за што вели асоцира на вештерка како во Средниот век кога жените кои излегувале од нормите, кои биле малку послободни и кои не ги почитувале нормите зададени од државата биле прогласувани за вештерки. „Така и ние сега во нашите интерни кругови самохраните мајки се нарекуваме вештерки на модерното време,  канцери на општетсвото“, вели авторката самохрана мајка на 6 годишно момче.  

Изложбата веќе е претставена во шест градови во државата.

d 1

d2

d4

d5

d6

d3

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани