2win800x200

ВАНДАЛИ ОШТЕТИЛЕ РЕКВИЗИТИ ВО „ПАРКОТ НА ШАМПИОНИТЕ“ ВО БИТОЛА

Февруари 11, 2019

Изгребан и оштетен реквизит, кој истовремено претставува и главната ознака на „Кока кола активната зона“, денес е забележан во „Паркот на шампионите“, каде  неодамна Скопска пивара донираше спортски реквизити за битолчани.

-Со цел, ваквата тенденција на уништување на спортските реквизити да запре, Општина Битола, денес побара од СВР Битола, да преземе соодветни дејствија, со цел пронаоѓање на сторителите на споменатите оштетувања, велат од Општина Битола.

Покрај ова поголемо оштетување, евидентирано е и на други реквизити, кои се дел од спортските реквизити во „Паркот на шампионите“.

-Општина Битола, верува дека, со ваквото свое делување ќе овозможи заштита од понатамошни вандалски однесувања чии последици се на штета на сите граѓани, а истовремено ќе се даде заеднички апел во насока на совесно однесување кон зачувување на општото добро. Токму затоа, треба да го чуваме се она што претставува инвестиција или донација, а е во функција на збогатување на секојдневието на сите граѓани, апелираат од Општина Битола.

c3

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани