Одбележан Денот на мајчиниот јазик во ОУ „Климент Охридски“

Февруари 21, 2019

Најубаво се твори, говори и слуша  на мајчиниот јазик! Со една ваква порака и креативно изразување на најмладите генерации, низ богата програма исполнета со сценска изведба и рецитал во ОУ „Св. Климент Охридски“ беше одбележан 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој од 2000 година е промовиран и како Ден на лингвистиката, културната разновидност и мултилингвизам.

Убавината и звучноста на нашиот јазик создадоа атмосфера во која многубројната публика имаше можност да се воодушеви на моќното ученичко изразување, зад кое видлив беше и големиот успех на наставничкиот кадар кој низ своето несебично ангажирање, овозможи детскиот талент, пред присутните да го долови секојдневието на секое семејство, соочувајќи ја публиката со предизвиците и ризиците на модерното време.

 

Токму во оваа насока, беше одигран и театарскиот перформанс на Драмското студио АРТ и Медиа со наслов ,,Збунета генерација”, по текст на Елена Наумовска и Весна Божиловиќ, кој претставува адаптација на детски роман од српската писателка Јасминка Петровиќ.

Пораката за човечката големина и силата да се остане човек, беше пренесена низ рециталот „Ако“, во изведба на Теодора Јовчевска. Силата на зборовите предизвика силен аплауз кај присутните.

,,Ако можеш да останеш присебен кога сите околу тебе ја губат главата, ако можеш да веруваш во себе, ако можеш да чекаш и да не ти здосади чекањето тогаш ќе излезеш од збунетоста и ,убавата мисла и збор ќе ти станат водилка кон иднината. Ќе ги допреш височините и светлината, со убавиот збор ќе ја допреш сончевината“, извадок од рециталот во изведба на Теодора Јовчевска.

Програмата по повод денот на мајчиниот јазик беше затворена со зборовите на Крсте Петков Мисирков: „Милоста кон народниот јазик јет наш долг и наше прао. Ние сме должни да милуаме нашиот јазик зашто тој јет наш, исто така, како што ни јет наша татковината ни“.den majcin jazik 2

den majcin jazik 4

den majcin jazik 5

den majcin jazik 9

den majcin jazik 8

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани