2win800x200

Закрпени ударните дупки на повеќе од 30 улици во Битола

Февруари 22, 2019

На повеќе од 30 улици во Битола, во првата половина на февруари, завршена е санацијата на ударните дупки од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“. Санацијата на коловозите се врши со ладна асфалтна маса и коцка. Се интервенира според фреквентноста, големината и приоритетот на улиците, како и врз основа на доставените пријави од граѓаните. На сите локации, во првата половина на месец февруари интервенирано е со над 11 тони асфалт.

 

СПИСОК НА УЛИЦИ НА КОИ Е ИЗВРШЕНА САНАЦИЈА СО ЛАДНА АСФАЛТНА МАСА

 

01.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците Партизанска, Македонска Фаланга – потрошено:2.00 тони асфалт.

02.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Борис Кидриќ, Никола Тесла, Боривое Радосављевиќ, Столарска, Боримечка – потрошено: 1,00 тон асфалт.

05.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Булевар 1- ви мај, Јане Сандански, Смилевски Конгрес, Партизанска, Охридска, Младински Бригади – потрошено: 2.00 тони асфалт

07.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: 4 ти Ноември, Блаже Рогозинарот, Цар Самоил – потрошено – 1 тон асфалт

08.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Васко Карангелевски со ЈНА, 15 ти Корпус, Солунска –  потрошено  – 1,75 тони асфалт

09.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Недопирливи, Климент Охридски, Д. Влахов, Ѓ. Наумов – потрошено  – 1,50 тони асфалт

10.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Д. Илиевски Мурато, Партизанска, Јане Сандански – потрошено – 0,75 тони асфалт

14.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Иво Лола Рибар, Лавчанска, Борис Кидриќ, Драгорска – потрошено - 0,75 тони асфалт

15.02.2019 Крпење со ладна асфалтна маса по улиците: Илинденска, Дебарска, Мирче Ацев – потрошено -  0,75 тони асфалт.

Работните активности на КЈП Нискоградба и санацијата на ударните дупки со ладна асфалтна маса и коцка, продолжува со истиот интензитет, се до палењето на асфалтните бази, соопштија од Општина Битола.улици 3

улици4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани