Обновени училници и нови тоалети, заврши реконструкцијата на една од зградите од ОУ „Гоце Делчев“ -Битола

Февруари 25, 2019

Нова внатрешна столарија, 8 врати во тоалетите, 11 врати во училниците, како и надворешната влезна врата се дел од градежните зафати кои се одвиваа во една од зградите на основното училишта „Гоце Делчев“ во Битола. Покрај столаријата, во активностите кои беа преземени со цел да се подобрат условите за престој на учениците, во училниците на површина од 275 квадратни метри е поставен епоксиден под. Исто така, реновирањето ги опфати и санитарните јазли во тоалетите, водоводната инсталација,  дел од ѕидовите се поплочени со керамички плочки, а тоалетите комплетно се опремени со нова санитарна опрема.

Goce 2

За овој проект Општина Битола издвои околу 129.000 денари, во кои влегуваат средства за  надзорот, демонтажата на керамичките плочки од ѕидовите, таваните, како и демонтажата на врати. Со средства од општината се изработија и дел од активностите во санитарните јазли. Останатите изведби беа реализирани со средства од УСАИД.

gggggg

Учениците кои учат во оваа зграда, една од трите во рамките на училиштето, со овој зафат добиваат многу поквалитетни услови за изведување на наставата, но и за одржување на личната хигиена. Ова е уште едно во низата од битолските училишта, во кои вложува општината, со цел да се надминат лошите услови во образовните институции во Битола.

Goce 3

goce 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани