Во Битола натпревар на најдобрите млади соло пејачи

Февруари 26, 2019

Најдобрите млади соло пејачи оваа сабота (02.03.2019)  пред стручното жири составено од светски реномирани музички имиња ќе ги покажат своето знаење и талент на специјалниот настан кој ќе се одржи од 10 до 16 часот во Државното музичко училиште во Битола.
Победниците во различни категории истата вечер, во 20 часот, ќе учествуваат на големиот Гала концерт во Народен театар Битола.
Ова музичко доживување го организира Ротари клуб – Битола, а истото е поддржано од Општина Битола, Државно музичко училиште Битола, Млекара АД Битола и Народен театар Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани