2win800x200

Овоштарите од Преспа ќе донираат 50 тони јаболка за сиромашни семејства

Март 05, 2019

Педесет тони јаболка за кои Преспанските производители немаат пласман, ќе ги  донираат  на сиромашни семејства низ цела Македонија.

Овоштарите годинава се соочија со хиперпродукција, а поради ниските откупни цени и слабниот откуп,   јаболката скапуваат по магацините, па намаесто да ги фрлаат, одлучија со поддршка на повеќе хуманитарни организации да им ги поделат на оние кои не можат да ги купат. Испратија апел, нивниот пример да го следат сите земјоделци кога немаат пласман за производтството.

-Ние како овоштари често пати  бараме да се издвојат пари од државниот буџет  за наша помош  и таа помош ја добиваме, но, сега сакавме да покажеме дека да, имаме јаболка и ќе донираме на сиромашни семејства и други организации кои се занимаваат со хуманитарни акции, рече Менде Ивановски, овоштар од Ресен.

Преспанските овоштари пред две недели протестираа  со три барања до Владата -интревентната мерка од 3 денари за килограм откупено јаболко која важеше до декевмри да продолжи до 30 јуни и во тој рок да им бидат исплатени овие пари, а ланските субвенции да ги добијат до крајот на март. По преговорите,  минситерот за земјоделство Љупчо Николовски при синоќешната посета на Ресен, соопшти дека Владата ќе им излезе во пресрет.

-Ќе најдеме начин како оваа мерка биде продолжена до рокот кој што го бараат производителите, тое  30 јуни, односно мерката ќе опфати доплнителни 30 илјади тони јаболка кои што ќе бидат откупени. Со тоа трите барања на производители се прифатени од Министерсвото и Владата, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски. 

Сепак,  Николовски им порача на земјоделците  дека веќе се  воведуваат нови мерки  кои што ќе значат прилагодување на она што го бараат странските пазари, на што производителите ќе мора да се прилагодат.

-Или ќе произведуваме она што се бара или проблемите постојано  ќе се таложат, рече Николовски пред Преспанските овоштари.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани