2win800x200

Битолчани со поддршка на кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата

Март 07, 2019

Битолчани од утрово во девет часот се пред шалтерите на подрачната единица на ДИК во Битола за да го дадат својот потпис за кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата .

Пендаровски е  заедничкиот кандидат на 31 политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ и на ДУИ, а доби поддршка и од над 60 пратеници во Собранието.

СДСМ на конгресот што се одржа во неделата го потврди изборот на Стево Пендаровски за претседателски кандидат. Од 783 присутни делегати, 712 едногласно, без против и воздржани, гласаа за Стево Пендаровски.

stevo 1

stevo 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани