18 години затворска казна за полицаецот Енвер Тоска

Март 12, 2019
фото: интернет фото: интернет

25 годишниот полицаец Енвер Тоска од Битола, осуден е на 18 години затвор за свирепото убиство на 36 годишниот битолчанец Бекир Алили, што се случи лани во септември во близина на прилепското село Беловодица. Кривичниот совет на Основниот суд во Прилеп, одлуката ја објави денеска, по рочиштето кое почна и заврши вчера, откако Тоска пред судот ја призна вината за убиството.  

Адвокатот на семејството на убиениот Алили, Емил Гугучески,  рече  дека не е задоволен од пресудата, смета дека казната за ова дело е мала и најави жалба до второстепениот суд, а најверојатно на оваа пресуда ќе се жали и Обвинителството. 

Адвокатот на Тоска, Васко Георгиев, рече дека  висината на изречената казна е  очекуванана и тој е задоволен од пресудата, но  сепак и тој најави жалба до Апелација.

Убиството се случи на 14  септември лани, кога Тоска во близина на селото Беловодица, најправо со службениот пиштол   со 4 куршуми  го застрела Бекир Алили, а потоа  го запали неговото тело и го напушти местото. Од убиениот  одзел паричник со 4000 евра, кои биле наменети за купување автомобил, по кој тргнале двајцата сограѓани.

Психијатриското вештачење потврдило дека Енвер Тоска бил пресметлив кога го извршил убиството, а вчера тој пред судот, отккао го призна делото   изрази жалење до семјеството на убиениот

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани