2win800x200

ОУ „Стив Наумов“ домаќин на ученици од пет европски држави во рамките на Еразмус програмата

Март 18, 2019

 Наставници и ученици од Италија, Грција, Романија, Полска и Португалија од денеска се гости на ОУ „Стив Наумов“ од Битола, во рамките на проектот „Зелени училишта за одржлива иднина“ кој на неколку теми се реализира од 2017 година  како дел од Еразмус програмата

Гостите  во својот петдневен престој во Битола, заедно со домаќините,  ќе работата на креирање на еко-градини во училиштето, а на досегашните одржани работилници, во Грција учениците и наставниците работеа на тема вода, за воздухот се работеше во Полска, а како да се штеди енергија во Романија.

Целта на проектот е да се воспостави трајна врска помеѓу децата и природата, а исто така да се работи на развојот на висока еколошка свест кај учениците од најмала возраст, која понатаму ќе ја применуваат во секоја област од нивното живеење.

Учениците од ОУ „Стив Науов“ како домаќини, денеска ги дочекаа гостите со традиционални обичаи, по што во малата сала на Центарот за култура беше изведена програма за добредојде. На првиот ден од нивниот престој, ја посетија и Општина Битола, каде градоначаничката, Наташа Петровска, ги запозна со основните карактеристики на градот, потоа гостите беа во посета на античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, а при посетатат на битолскот Завод и музеј се запознаа со истријата за нашиот град.

Од утре учениците и наставниците вклучени во проектот,  започнуваат со активностите во училиштето, потоа предавање во Информативниот центар на Пелистер и презентација на храна во Дихово. Активностите ќе продолжат и во следните денови со низа работилници, одржување на еко градини, селектирање материјали, изработка на е-книга, еко изложба, посета на Охрид и дружење на сите учесници во проектот.

54278864 10158320890848275 6195336057844662272 n

54268401 1941840162611289 3059574533749997568 n

53832686 293483021347290 2778166962256084992 n

54267865 2347598412182882 6979190387051069440 n

53898200 523010478225403 547457482398629888 n

55458296 409180623141215 1455018483321405440 n

 

Erazmus 03

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани