„ПОИНАКУ“ БАРА КОМИСИЈА КОЈА ЌЕ ГО ИСПИТА ДОСЕГАШНОТО РАБОТЕЊЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА И ТАЛЕСКИ

Ноември 01, 2017

Формирање на привремена советничка комисија која ќе го испита работењето на општина Битола и екс градоначалникот Владимир Талески за периодот од 2005 до 2017 година, побара советничката Габриела Илиевска од „Поинаку“ на денешната седница на Совет во Битола.

 

-Веќе четврти пат од оваа говорница предлагам формирање на ваква комисија и се надевам дека овој пат ќе биде изгласана. Ова го барам согласно Статутот на општината, а и со нејзиното формирање пред битолани сите ние како советници ќе можеме со чиста совест и врз основа на пропис од советот да излеземе и да ги информаираме во каква состојба се наоаѓа општина Битола во моментот. Во претходниот состав немавме пристап до никаква аналитика- рече Илиевска.

Од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека Советот не е суд и дека постојат други институции кои ќе треба да одредуваат нечија одговорност, а тие треба да работат за решавање на проблемите на граѓаните од комуналната, образованата и другите сфери.  

Претседавачот на Советот, Валентин Груевски, предложи иницијативата за формирање на комисијата да се разгледа на другите комисиски тела и за неа да се одлучува на следните седници на Совет. Илиеска поради конструктивност го прифати предлогот, но изјави дека уште утре ќе ги достави материјалите за точката до соодветната комисија и очекува за неа да се гласа на следната прва седница.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани