Христијан Мицкоски во посета на битолскиот пазар

Април 05, 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес го посети битолскиот пазар и од тезга на тезга се поздравуваше со пазарџиите. Тие од него побараа да се запре иселувањето во Битола, како што рекоа „конзулска Битола се празни“, а една жена од пазарџиите му рече дека трите деца сите со дипломи ѝ заминале во странство.

Друга продавачка на овошје му се обрати со зборовите „најдете ни работа, вака со факултети да не висиме по тезгите“. Мицкоски рече дека имаат план, само им треба доверба. Некои од пазарџиите се поздравуваа со него, а потоа коментраа дека не виделе аир од никој политичар. Еден од пазарџиите доста емотивно му се обрати дека се традиционални вмровци од деведесетите години на минатиот век, но дека оние кои ја водеа партијата во изминатите години како што рече ја истуриле целата злоба и тие во работата се соочиле со инспекции и казни. Мицковски рече дека и критиката е добредојдена за да се подобрат состојбите.

„Сакаме да поразговараме со луѓето, да споделиме искуства како живеат и каква е потрошувачката. Од таа навигација можеме многу да научиме, а во иднина да ја искористиме во креирање на политиките“, рече Мицкоски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани