2win800x200

Подајте рака - и ние сме дел од ова општество, порачаа од ромската заедница во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите

Април 05, 2019

Под мотото „Градиме мостови кон иднината„ граѓанските организации „Сумнал“, „Баирска светлина“ и Националната контакт точка РОКМКАТЕД, годинава се вклучија во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите- 8 Април.

Активностите во Битола започнаа денеска, со засадување садници во дворот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола, во чест на прерано починатиот Нешат Аземовски, долгогодишен еко-активист и основач на НВО “Биосфера“, борец за здрава животна срдина, промотор на вредностите на мултикултуризмот, препознатлива линост во Битола, Македонија и надвор од државата. Исто така, беа доделени бесплатни ваучери за зачленување во Библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола на деца кои го псоетуваат Центарот „Сумнал“ и децата од проектот „Инклузија на децата Роми во јавните предучилишни установи“ од градинката „Естреја Овадија Мара“. Потоа, беше прикажан и документарниот филм „Запознајте ја вашата соседка Ромка“, со цел да се намалат стеротипите и предрасудите кои постојат за Ромите, но и да се мотивораат младите Роми да го оформат своето образование. Денеска претставници на ромската заедница имаа средба со градоначалничката Наташа Петровска.

-Ме радува што оваа година се собравме повеќе невладини организации да го одбележиме 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Оваа средба со градоначалничката Наташа Петровска е со цел да ја запознааеме со нашите активности што ги правиме во текот на целата година, но и со идни активности, кои не можеме да ги направиме ако немаме поддршка од локалната и центрланата власт. Сите можеме да направиме повеќе ако сме обидените и сите заедно можеме да градиме мостови за да ги интегрираме Ромите во општеството, изјави Фатма Бајрам Аземовска од Здружение „Сумнал“-Битола.

Од пограмата РОМАКТЕД, проект на Советот на Евопа, побараа поддршка од градоначалничката Наташа Петровска, за реализација на повеќе проекти кои ќе го олеснат животот на Ромите, но исто така поддршка од целокупната заедница за интеграција на Ромите во општеството

-Дајте ни рака и ние сме дел од ова општество, сакаме сите Роми што живеат во оваа држава да се чувствуваат како дел од ова општество, тоа е мојата порака за Меѓународниот ден на Ромите. Со градоначлничката денеска разговаравме за важни работи кои се приоритет за Ромите како и за реализација на понатамошните активности кои ќе следат во 2019 и 2020. Разговаравме за тоа дека реалните прблеми на ромската заедница ќе бидат дел од програмата на Општина Битола, но и другите општини, за да се реалзираат потребите на ромската заедница, рече Незир Хусеини, Национална контакт точка РОМКАТЕД, проект на Советот на Европа

-Оваа средба со претставници од ромската заедница по повод Меѓуародниот ден на Ромите е со цел да ги координарием следните активности во интерес на ромската заедница. Им го чеситам Меѓунардниот ден затоа што се дел од нашата заедница и така ги чувствуваме, рече градоначалничката Петровска.

Активностите по повод Меѓународниот ден на Ромите, продолжуваат и во понеделник на 8 април, кога ЦРРЗ „Баирска Светлина“ ќе го презентира годишниот извештај од работата во 2018, а ќе бидат презентирани и резултатите од проектот и функционирањето на Правната клиника.

romi2

romi1

romi natas

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани