Street gif

ОУ ,,Даме Груев“,-Битола се покажа како добар домаќин на 37 Регионален натпревар по математика за основно образование

Април 13, 2019

ОУ ,,Даме Груев,, денска се покажа како добар  домаќин на 37 Регионален натпревар по математика за основно образование. На натпреварот учество зедоа 272 ученици од основните училишта од општините: Битола, Новаци, Могила, Демир Хисар и Ресен. Во присуство на преставници на Здружението на математичари, ученици, наставници- ментори и родители, Директорот Роза Јовановска го отвори натпеварот.

 

dame 2

- Во природата на секој човек е желбата за стекнување знаења. Образовниот систем како еден од најважните во било кое општествено уредување треба да овозможи стекнување на трајни знаења, умеења и навики. За Ајнштај: образование е она што ќе остане откако ќе го заборавите она што сте го научиле во училиште. Математиката, кралица на науките се создала во зората на цивилизацијата. Нејзиниот развој дирекно влијаел врз развојот на цивилизацијата. Многу векови наназад мислата на Питагорејците дека броевите управуваат со светот била сфатена како мистична. Денес во современиот свет секој знае дека без броевите не можеме да замислиме ни најмал дел од секојдневието. Голема благодарност до сите наставници од регионот кои допринесоа натпреварот да биде успешно реализиран . Ги поздравуваме и охрабруваме нашите ученици кои зедоа учество и се покажаа како одлични математичари, велат од ОУ ,,Даме Груев,,-Битола.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани