2win800x200

Центар за јавно здравје: Иако нема морбили во Битола, препораките ќе се применуваат и кај нас

Април 17, 2019

Во Битола досега нема ниту еден регистриран случај на морбили, потврдуваат од Центарот за јавно здравје. Се уште не добиле официјалне допис од Министерството за здравство  откако вчера Комисијата за заразни болести даде препорака да се прогласи епидемија од мали сипаници на територијата на цела држава.

-Од општините што ние ги покриваме, во Битола, Ресен и Демир Хисар нема ниту еден пријавен случај на морбили досега, додека во Кичево има 40 заболени, но се уште немаме добиено официјално известување за прогласување на епидемија. Без оглед на тоа што нема ниту еден случај во Битола, ќе мора да ги применуваме мерките, но дури откако ќе добиеме официјално известување од министсерот за здравство, вели Елизабета Крстевска, директор на Ценатрот за јавно здравје во Битола

По официјлано објавување на епидемија од морбили ќе следи примена на препораките на Комисијата за заразни болести, кои освен забрана да се примаат невакцинирани деца во градинките, ќе започне вакцинација на здравстевни работници, воспитувачки и негувателки со непознат вакцинален статус

МРП вакцина има во Здравствениот дом во Битола, а извесни количини и во Центарот за јавно здравје, каде ќе се вакцинираат лицата од 14 до 60 годишна возраст, додека до 14 години вакцинирањето ќе се спроведува во пунктовите односно советовалиштата за деца.

Во Битола вакциналниот опфат изнесува над 90 проценти, што е висок процент, поради што колективниот имунитет на морбили е исто така висок, велат од Центарот за јавно здравје. Сепак не се икслучува можноста од појава на мали сипаници и меѓу битолчани, а епидемијата на територијата на цела држава не се очекува да заврши за скоро.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани