Методија Илиевски- ЈП за паркирање и јавен превоз на патници ќе донесе поевтин паркинг за битолчани

Април 24, 2019

Советниците од СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола ја изгласаа одуката за формирање на Јавно претпријатие за изградба и одржување на јавен простор за паркирање, уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општината Битола. Едно од нашите најважни и најзначајни ветувања станува реалност. Битолчани ќе плаќаат пристојни цени за паркинг и  јавен превоз. Најважно, е тоа што средствата ќе се слеваат во општинската каса, наместо во приватните џебови како досега, рече денеска Методија Илиевски.

 Според него лицемерно и неодговорно е однесувањето на  советниците од опозицијата кои не се охрабрија и не ја поддржаа одлуката за формирање на Јавното претпријатие за паркинг и јавен превоз. Со тоа, јасно и недвосмислено се ставија во заштита на бизнис интересите кои во минатото ги правеше ВМРО ДПМНЕ.

-Овие советници, и битолчани треба да знаат дека помина времето на лични интереси на поединци и лоби групи, блиски до власта. Јавното претпријатие за паркирање и јавен локален превоз на патници во Општината Битола ќе донесе поевтин паркинг и подобар јавен превоз за сите битолчани. На овој начин парите на граѓаните остануваaт повторно кај нив затоа што средствата кои ќе ги генерира ова јавно претрпијатие ќе се инвестираат во подобрување на условите за живот на битолчани, рече Илиевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани