Изненадување за прославата: Наместо коктел за 4 Ноември, општина Битола парите ги донираше за хуманитарни цели

Ноември 04, 2017

По свечената програма  за доделување на наградите „4 Ноември“ на годинешните добитници во Народниот театар во Битола, приустните гости имаа можност да се дружат и да разговараат меѓу себе во театарското фоаје, само со чаша пијалак. 

Годинава изостана традиционалниот коктел,  немаше ордевери, односно не беше послужена храна, што беше изненадување за многумина од присутните

Општина Битола,  одлучи средствата во висина од 30.000 деари да ги донира на Центарот за деца со аутизам.

Градоначалничката Наташа Петровска, деновиве рече  дека годинешното чествување на Денот на ослободувањето на Битола, 4 Ноември, ќе биде скромна прослава и  најави изненадувањето, но рече граѓаните ќе дознаат на денот на прославата.

-Ќе имаме мало изненадување, нешто што не сме го имале во претходните години.Во еден дел ќе бидеме малку покскромни, а дел од средствата ќе ги насочиме онаму каде што цениме дека е најпотребно. Ќе има мали промени, рече Петровска завчера, одговарајќи на прашањето како општина Битола ќе го прослави Деното на ослободувањето на градот

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани