2win800x200

Битолчани во април дишеле чист воздух, покажува извештајот на платформата „Земи здив“

Мај 20, 2019

Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во април биле под максимално дозволените граници од 40 микро грами на метар кубен, а во последната недела од месецот може да се констатира исклучително чист воздух во Битола. Но, загрижуваат податоците за средномесечните концентрации  за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микро грами на метар кубен. Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од платформата „Земи здив“.

Таа врши мерење преку седум сертифицирани мерни станици на Широк Сокак, Бадембалари, Областа, Јени Мале, Баир, Дрвен Пазар и Декорпод.

srednomesecni

Прагот на 40 мг/м3 за среднодневните концентрации на ПМ 10 чесичките во текот на пет дена од април е надминат во реонот на Бадембалари,а не е забележано надминување на среднодневните концентрации на ПМ 10 на останатите локации.

pm 10 dnevni

Прагот од 25 мг/м3 на среднодневните концентрации на ПМ 2,5 честичките во воздухот во април е надминат повторно во реонот на Бадембалари и тоа во текот на 6 дена, а на останатите локации среднодневните концентрации на ПМ 2,5 нема надминување.

pm 25 denovi

Во извештајот се наведува дека причина за надминатите концентрации на ПМ честичките во реонот Бадембалари според нивни сознанија е поради локални загадувачи, односно месното население кое  пали  отпад, особено кабли

„Просечната вредност на среднодневните кпнцентрации на ПМ честичките на територијата на град Битпла, каде се лоцирани седумте мерни станици од Платформата „Земи Здив“, укажува на тоа дека во текот на месец Април 2019 година, воздухот во градот бил генерално чист без пикови со високи концентрации на ПМ честички, кои посбно беа актуелни во текот на зимскитт период. Од самиот графикон се гледа дека битолчани дишеле најчист впздух во текот на последните денови од месецот, кога временските услови беа доста поволни со голема честина на ветер.“ се наведува во извештајот за април на платформата „Земи здив“.

Opera Snapshot 2019 05 20 210504 zemizdiv.mk

Во извештајот уште се потенцира  дека од 18 март мерната станица Битола 2 која е под надлежност на Министерството за животна средина не објавува податоци за присуството на ПМ 10 И 2,5 честичките, поради што не може да се направи споредбена аналзиа на податоците од државната мерна станица со податоците на мерните станици на платформата „Земи здив“

Платформата „Земи здив“ ја сочинуваат граѓанските здруженија Центар за европски развој и интеграција, Сфера Македонија, Геосфера, Јасмин и Младинската асоцијација ИМКА

 
 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани