Празнична донација на ФОД-Битола за манастирот „Св.Кирил и Методиј“ во селото Лознани

Мај 23, 2019

Фабриката за опрема и делови од Битола во очи на утрешниот голем христијански празник донираше клупи и шандани во црквата “Св. Кирил и Методиј“ што е главна црква во манастирот во  селото Лознани во  Општина Могила.

Според Методија Тасевски, директор на ФОД-Битола, донацијата е изработена на барање на манастирската црква, при што се поставени шест клупи и шандани за свеќи.  А овој месец фабриката донирала и во црквата „Св. Илија“ во селото Крклино како и  во црквата во селото Брусник. Тасевски вели дека од фабриката наскоро ќе бидат испорачани и донации што ги побарале други црковни одбори, месни заедници, училишта и градинки. 

crk

crk 2

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани