Битолчани се потсетија на 25 Мај-Денот на младоста во поранешна Југославија

Мај 25, 2019

Со знамето на СФРЈ и фотографија на Јосип Броз Титоа, кафе барот „Буре“ на плоштадот Магнолија и годинава  ги потсети битолчани дека на денешен ден, 25 Мај, во Титова Југославија се славеше Денот на младоста   и роденденот на Јосип Броз Тито.

tito

 

Денот на младоста го одбележаа и претставници на Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи  кои  положија цвеќе пред спомен бистата на Јоспи Броз Тито на Широк Сокак.

61348627 2801559356549127 4705049798464503808 n

 

По повод родененденот на претседателот на СФРЈ, Јоспи Броз Тито, на 25 Мај секоја година, момчиња и девојки од поранешна Југославија, педесеттина дена ја носеа низ целата земја штафетата на младоста и му ја предаваа на Тито. 

tito bista

На овој ден,   пионерите, младинците, студентите и припадниците на сите родови на војската на СФРЈ учествуваа на традиционалните слетови, кои се одржуваа на тогашниот стадион на ЈНА во Белград.

По правило, некаде од публиката или од теренот, ќе излезеше познат спортист или истакнат младинец, кој трчајќи низ стадионот ќе се качеше до свечените трибини каде беше Тито. Тој ја преземаше штафетата и се обраќаше со краток говор.

Штафетата секоја година беше различно дизајнирана, а во неа се наоѓаа пораки од младината на СФРЈ од сите тогашни републики до претседателот.

Празникот започнал да се прославува од 1945 година на иницијатива на младината од Крагуевац, Србија. Така, првите години штафетата го симболизирала роденденот на претседателот на СФРЈ , но од 1957 година, токму на негова иницијатива таа станала штафета на младоста, а 25 мај бил прогласен за Ден на младоста, кој се славеше до 1987. 

Во повеќе градови низ  поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија и денес, 39 години по смртта на Јосип Броз Тито, се одбележува Денот на младоста.

Исто така голем број југоносталгичари на 25 Мај ја посетуваат  Куќата на цвеќето во Белград каде се наоѓа Титовиот гроб и му оддаваат почит на претседателот на некогашната СФРЈ

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани