2win800x200

Делата на Костантина Ушковска ја разубавија библиотеката во Горната гимназија

Мај 31, 2019

Средношколката Костантина Ушковска деновиве имаше самостојна изложба, а нејзините ликовни дела беа исложени во библиотеката на гимназијата “Јосип Броз-Тито” во Битола, каде таа учи. Нејзината љубов кон уметноста и сликањето се јави уште од мала возраст и се развиваше со текот на времето.

Сликите на Ушковска се решително контемплативни. Насловот на оваа изложба “Tell Me When We Draw The Line”, произлезе баш од нејзините чувства кон природата, луѓето околу неа, но и чувствата кон самата себеси. Нејзините дела се рефлексија на чувствата на човекот во секојдневието, и тие го опишуваат својот суптилен и задоволувачки шарм. Тензијата во нејзините дела влегува преку комбинација на релативна тишина и непријатната бучава, но сепак севкупно останува спокојството.

Поддршка за настанот на талентираната средношколка и дадоа професорот Александар Поповски и библиотекарот Драган Ристевски. 61570262 2347418018874491 555840086034350080 n

61659575 691071127997316 649273977117605888 n

61382516 379087692733674 5693826273017593856 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани