2win800x200

Двајца повредени и материјални штети предизвикаа земјотресите во Корча, јавуваат албанските медиуми

Јуни 01, 2019

Две лица се повредени во земјотресот што утрово е регистриран во близина на Корча, Албанија, јавуваат албанските медиуми. Тие се здобиле со повреди по главата и телото, откако врз нив паднал таванот од станот.

 

korca1

Серијата земјотреси во овој дел од Албанија, предизвикаа и  материјални штети, разурнати се куќи, а населението е во паника, пренесува порталот korrieri.com.al.  а најмногу  штета  е предизвикана во населбите со постари куќи. Eпицентарот е на 12 километри од Корча, каде населението не памети вакви земјотреси долги години, пишува korrer.com.al

korca 2

Последниот земјотрес е регистриран во  9 часот утрово со магнитуда од 4,8 степени по Рихтер повторно во близина на Корча. Досега имашe 8 потреси, a најсилниот  се случи во 6, 26 часот со магнитуда од 5 степени по Рихтер.  Вториот земјотрес беше  со иста јачина, само пократок  и се случи седум минути подоцна, поточно во 6,33 часот. Потоа следуваше и трет со магнитуда од 4, 1 степени по Рихтер во 6,51. Следеа неколку помали потреси, а  во  9 часот е регистриран земјотрес од 4,8 степени по Рихтер. 

61439939 850284728677587 8390907834727923712 n 800x600

И овој земјотрес е почувствуван во Битола, Охрид, Ресен, Струга
 
61691680 297174394492201 5621285946130432000 n 1
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани