Започна 6-от Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски"

Јуни 06, 2019

Градоначалникот на општина Новаци Љубе Кузманоски синоќа свечено го отвори 6-от по ред Меморијален турнир во мал фудбал "Пеце Матичевски " кој во наредните 20-тина дена ќе се одржува во повеќенаменското игралиште во Новаци .

Меморијалниот турнир како настан веќе 6-та година се одржува во чест и сеќавање на загинатиот бранител и херој Пеце Матичевски од Новаци .

-Голема е честа да се биде дел од еден ваков меморијален настан каде веќе 6-та година го организираме во чест и сеќавање на нашиот херој Пеце Матичевски".Големо е делото на овој наш херој кој го даде животот за татковината , но уште е поголема нашата чест достоинствено да го зачуваме од незаборав неговиот лик .Веќе овој турнир станува традиционален и како локална самоуправа даваме силна поддршка не само за овој спортски настан туку и за сите спортски клубови на ниво на општината бидејќи спортот не е само игра , навивање и резултати туку општествена активност преку која на сите учесници вклучувајќи ги посебно младите можат правилно да се развиваат во едно здраво општество.На сите учесници им посакувам среќа и фер игра во која најдобрата екипа ќе издвојува победа-истакна градоначалникот Кузманоски.

Оваа година на турнирот учествуваат 32 екипи поделени во 8 групи .Котизацијата за учество изнесуваше 4000 денари ,средства кои ќе се користат за организација и за наградите кои ќе се доделат на победничките екипи .
Сите љубители на мал фудбал можат во наредните 20-тина дена да бидат дел од овој голем спортски настан кој се одржува во спортскиот комплекс во Новаци

Главен покровител на Меморијалниот турнир е општина Новаци.

novac 1

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани