Во Старавина камп за обука за пожари на отворен простор

Јуни 09, 2019

Мариовско Старавина веќе втора година е центар на организација на кампот за обука на тимовите на општинските сили за одговор на пожари на отворен простор со завршна вежба која денеска се одржа во организација на Планинарско Горскоспасително друштво АВА КОТА 1050 Новаци како главен организатор и Дирекцијата за заштита и спасување како координатор.
Градоначалникот Љубе Кузманоски заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување г-дин Аднан Џаферовски го отворија кампот за обука и тренинг и ја следеа завршната вежба на која се симулираше акција и интервенција при гасење на пожар на отворен простор .

"Oпштина Новаци ја покрена иницијативата за обука на просторните сили за заштита од пожари на отворен простор со цел подобрување на противпожарната заштита во регионот а особено на територијата на Општина Новаци и имаме одлична соработка со Дирекцијата за заштина и спасување и со сите инволвирани старни во организирањето на ваков вид на обуки и тренинзи со завршна вежба.Овој камп се организира со цел подигнување на свеста и моралот кај граѓаните за заштина на природата од пожари како и подготневост на просторните сили од пелагониските општини за справување со пожари на отворен простор .Територијата на с.Старавина не случајно е избрана за организирање на оваа вежба бидејќи станува збор за недопрена природа која треба да ја заштитиме од евентуални пожари .И затоа како локална самоуправа даваме силна поддршка во организацијата на ваков вид обуки со цел да обезбедиме подобра заштина на овој регион- истакна градоначалникот Кузманоски .

obuka staravina

Во знак на благодарност за активното учество на градоначалникот Љубе Кузманоски и на директорот Џаферовски од страна на Горскоспасителното друштво АВА КОТА 1050 -Новаци им беа доделени и благодарници .
Инаку на обуката која започна на 01 и 02 -ри јуни учествуваа 70 лица, припадници на просторните сили на општините од Пелагонискиот регион , ТППЕ Битола, вработените од Јавните претпријатија во општините , претставници и волонтери од Горско Спасителната служба „Ава Кота“- Новаци и доброволното противпожарно спасителско друштво „ФЕНИКС“ од Битола.Обуката продолжи и на 08 и 09-ти Јуни со завршна вежба.

Обуката во соработка со овие структури ја менторираше и менаџираше Центарот за обука на Дирекцијата за заштита и спасување. Во поддршка на целокупната активност беше и Подрачното одделение при ДЗС - Битола. На обуката беа обработени теми за опасности и мерки за заштита од пожари на отворен простор, примена на сили и средства, карактеристики на шумски пожар и тактики при нивно гаснење и менаџирање во услови на шумски пожари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани