2win800x200

Се асфалтира улицата „Климент Охридски“

Јуни 11, 2019

Се асфалтира улицата „Климент Охридски“ во Битола. Новиот изведувач, кој беше избран откако Општината го раскина договорот со претходниот бидејќи тој не ги испочитува роковите, за многу кус период ја заврши работата и ја асфалтира улицата.

 

„По реконструкцијата тротоарите и нивното поплочување, новиот изведувач започна со асфалтирање на улицата.И покрај сите препреки со кои се соочи Општина Битола во изминатите осум месеци, по преземените законски дејствија со кои во најтранспарентна постапка се избра новиот изведувач, се одвиваат завршните фази во реконструкцијата на оваа улица“, соопштија од Општината.

Во изминатите десетина дена, екипи од фирмата „Еуроинвест“ работеа на геодетско снимање и исколчување во функција на израмнување, а паралелно и на поставување на тротоарот. По асфалтирањето, ќе следува и партерно уредува на оваа улица.

Реконструкцијата на улицата започна лани во септмеври кога јавните претпријатија промената на водоводната и канализационата мрежа ја направија за брзо време, по што требаше да се асфалтира улицата. Но, роковите беа пробиени, па општината го тужи изведувачот , побара активирање на банкарската гаранција, поставување на негативна референца, а најавија и дека адвокат ќе отвори процес за обесштетување на Општината и на граѓаните.

Воедно и фирмата изведувач поднесе тужба зашто не им било платено сработеното.

Од Општина Битола во неколку наврати изјавија дека и во следниот период нема да дозволат изведувачи да ги пречекоруваат договорените рокови.Kliment 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани