„Психомодо Поп“ ќе настапат на „Битола отворен град“

Јуни 18, 2019

„Психомодо Поп“, бендот кој скоро четири децении е незаобиколен музички арбитер на овие простори на 30јуни за прв пат ќе настапи во Битола во рамки на фестивалот „Битола отворен град“, во организација на МКЦ. Концертот започнува на 30 јуни, во недела со почеток од 21 часот на плоштадот „Гоце Делче’’ во центарот на градот.

Инаку „Психомодо Поп’’ во 1983 година ја започна својата музичка историја. Првото име на бендот било Нерон, а потоа се преименуваа во Психомодо Поп, инспирирани од албумот на групата Cockney Rebel, со име Психомодо, а додавката Поп дошла како почит кон Iggy Pop, Andy Warhal и поп артот.

Бенд кој се напојувал на музиката на Ramones & Sex Pistols, вежбале по загребските гаражи, снимиле 15 албуми, со појава и сценски настап кој се памети и еве сеуште не ги напушта тој луд жар за настапи во живо пред стара, но и нова публика. 

Фронтмен им е харизматичниот Давор Гобац, а нивните хитови "Ја волим само себе", "Секси магазин", "Фрида", "Рамона", "Кад сам имао 16" ги пеат различни генерации веќе 35 години.

На фестивалот ќе настапат и „Ласт Експедишн’’, една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол. Формирани 1986тата година во скопски Ѓорче Петров. Алтерантива на рок кој звучеше добро и тогаш, а сега ќе звучи уште пожестоко заради новите сили на бендот кои даваат спреј на новото време.

Музички химни им се „Песната за песот’’, „Далеку си’’, „Ќељав дабар’’, „Шефе’’, „Не е важно’’ и енергичниот хит „Хеј хо’’, кој е најава за новиот албум кој наскоро излегува.

На „Битола орворен град’’ доаѓа и новосадскиот панк квартет „Диви свињи’’ . Бенд кој се формирал спонтано во 2016 година и носи еден охрабрувачки звук кој испорачува канонада од панк енергија, многу слична на онаа која е креирана од страна на првата генерација на светски панк артисти.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани