2win800x200

Пополнети сите слободни места за медицински сестри, во останатите насоки во Медицинско има места

Јуни 18, 2019

Во средното медицисинско уилиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола, во првото пријавување  што заврши денес, се пријавиле 253 деветтооделенци за вкупно 6 насоки, а примени се  142 ученика.

Најголем интересот бил  за насоката медицински сестри каде се пополнети сите места. За оваа насока се пријавиле 102 ученици, сите со одличен успех, а примени се 68, односно ќе се формираат два класа. 
 
Места има во останатите насоки - 34 во  гинеколошко-акушерска сестра, каде годинава ќе  се формира еден клас, во насоката фармацевтски техничар, 2 класа со 68 ученици, а  по еден клас во  насоките забен техничар,  физиотерапевтски техничар  и техничар за очна оптика. 
 
Пријавувањето и запишувањето во средните училишта се врши во еден уписен рок со можност за три пријавувања. покрај ова кое заврши денеска, следното пријавување  е  на 24 и 25 јуни  во училиштата  каде има слободни места, а онаму каде нема да се пополни бројот и трето пријавување на 1 јули. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани