Општина Новаци подготвена за 7-то издание на Културно-забавното лето Новаци 2019

Јуни 23, 2019

Атрактивната Сузана Гавазова, учесникот на звездите на Гранд, Ален Хасанович и група Молика Оне Бенд  ќе го означат стартот на Културно-забавното лето Новаци 2019. Манифестацијата свечено ќе биде отворена во четврток на 27 јуни, а настани ќе се одржуваат  од јуни до август.

Организатори на манифестацијата се ПИКСИ СТУДИО и  Општина Новаци како главен покровител.

-Културно-забавно лето Новаци 2019 ќе придонесе за збогатување на културно забавниот живот на сите генерации на граѓани како и збогатување на туристичката понуда  на Општина  Новаци. Повеќе културни настани распоредени во месеците јуни, јули и август ќе се реализираат на повеќе локации во Општина Новаци како и во поодалечените населени места Градешница , Далбеговци, Живојно, Добромири, излетничко место Коњарка, Гермијан, С.Г.Агларци и Новаци, велат од Општина Новаци.

Целта на манифестацијата е  да се создадат услови за рамномерен културен развој  и да се создаде можност граѓаните  на Општина Новаци во што поголем број да  се доближат до културните вредности  со што ќе се придонесе за заживување на културата во нашата рурална средина, велат организаторите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани