По иницијатива на Класнето со меѓународна донација се реконструираат тоалетите во Медицинско училиште

Јуни 27, 2019

Со меѓународна донација која ја иницираше професорката Марија-Магдалена Петковска-Микаровска,  почна реконструкцијата на санитарните јазли во Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола. Со училишен  проект средношколката Медисон Ристевски од Волонгог, Австралија, која има македонско потекло, анимираше голем број луѓе од целиот свет и нашата дијаспора да донираат и да помогнат за подобрувње на условите во ова средно училиште.

За три месеци преку GoFundMe  се собрани 27 илјади долари од потребните 32 илјади, а донираат хумани луѓе од Австралија, Кина, Филипини, Нов Зеланд, Малта, Канада, САД.

Првите контакти за реализација на овој проект ги направи  Петковска -Микаровска, позната како Класнето, која испратила писмо за помош до повеќе меѓународни институции, по што бил воспоставен контакт со Медисон. Потоа средношколката започнала со реализација на идејата да се направи светот подобро место за живеење и да се помогне онаму каде нема поволни услови. Нејзиното животно мото, вели  е колку повеќе даваш, толку повеќе добиваш.

Се одлучила за овој училишен проект откако при посета на татковината ја видела катастрофалната состојба во Средното медицинско училиште. Благодарение на оваа млада девојка и иницијативата за донација на пари од целиот свет, во СОУ „Д-р Јован Калаузи“ ќе бидат обновени тоалетите на двата спрата, како и делумна реконструкција на тоалетите на еден спрат. Со овие активности комплетно ќе биде променета дограмата, плочките, санитаријата во тоалетите, а исто така ќе се реконструира и фасадата на Медицинското училиште во делот каде се санитарните јазли.

Паралелно, се работи и на инфраструктурни зафати за партерно уредување на надворешниот дел, кој ќе овозможи подобар пристап до училиштето.

Оваа донација е одобрена од Советот на Општина Битола и се одвива во соработка со локалната самоуправа, а за одредени работи  ќе бидат вклучени и јавните претпријатија.

Сите активности се спроведуваат  преку таткото на Медисон, Џим Ристевски, кој ја обезбедил проектната документација, а исто така, тој ќе ги насочува и донираните средства.

За катастрофалната сосотојба во Средното медицинско училиште јавноста беше запозната во јануари  2018 година, кога  новото  раководство  ги отвори вратите и дозволи медиумите да влезат и да фотографираат во објектот.  Потоа,  со поддршка на родителите, учениците, и со спознорства на одредени фирми се санираа делови од училиштето, а сега активностите продолжуваат со поддршка на нашинци од Австралија. 

37765486 1561632243621213 r

 

37765486 1561632243344322 r

65501724 750377782031884 2540887216201138176 n

65941920 468854123863252 2961173255290880000 n

65712265 695606160876027 399735282003345408 n

65241075 3087001404658184 5146368206503411712 n

65170231 696442480817304 7283462431693602816 n

65142593 418052522384214 2520853706321166336 n

65751780 2236882329693030 1219997361783177216 n

https://www.gofundme.com/f/Cents-for-Sanitation-Bitola-Medical-school?fbclid=IwAR30UdWYDnvDM86u50VZja9OAnPW3NQYk1BVm3agyBPcCt6gNllHhinKXgY

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани