Webp.net gifmaker

Спиркоска ја демантира веста на СВР-Битола за наводни пропусти во огласот за вработување во Здравствениот дом – Битола

Јули 22, 2019

ВД Директорката  на Здравствен дом – Битола, Д-р Весна Спиркоска, денеска во изјава за медиумите ја демантира веста на СВР-Битола за неточно изнесени наводи откако на 19.07.2019 год. полицијата ја осомничи за ‘‘Постоење на сомнение‘‘ за наводна злоупотреба на службена дејност и овластување, а засновано на наводни пропусти во изборот на кандидати пријавени на оглас за вработување.

Спиркоска вели дека како и претходните два огласи со кои имале вработување на доктори и овој оглас бил спороведен во законски рамки со почитување на сите законски прописи. Во споменатиот оглас биле  пријавени 70 кандидати за медицински сестри од кои 62 кандидати ги исполнувале пропишаните критериуми. Конкурсот бил спроведен според сите законски норми, вели таа.

 -Објава на оглас, спроведено тестирање во присуство на членови на Министерство за здравство и селекциона комисија од  ЈЗУ Здравствен дом Битола. Изработена е ранг листа од страна на селекциона комисија според законски пропишани критериуми и истата е објавена. Извршено е интервју со сите 62 рангирани кандидати од моја страна и е направен избор на кандидати според  Член 161 од одлуката за избор во законот за здравствена заштита кој вели: Работоводниот орган на здравствената установа врз основа на ранг листа предложена од комисијата за селекција со најмалку 3 кандидати, доколку има повеќе од 3 кандидати кои ги исполнуваат условите, спроведува интервју и донесува одлука за избор на кандидати, рече Спирковска пред медиумите, додавајќи дека на тој начин после извршеното интервју направен е избор на 9-те  кандидати.

Спирковска вели дека  две од кандидатките го искористиле  правото на жалба до Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос од втор степен каде жалбата им е одбиена.

-Со добивањето позитивно мислење за нашиот избор од страна на комисијата, спроведено е вработување на избраните 9 кандидати, рече таа.

Во овој момент кандидатките кои го обжалуваат конкурсот се во редовна судска постапка со ЈЗУ Здравствен дом. Спирковска вели „верувам во правосудниот систем на РС Македонија кој треба да одлучи дали Конкурсот во ЈЗУ Здравствен дом е спроведен според законски прописи, дали треба истиот да се поништи, дали има основа за кривична постапка од страна на Обвинителство и се до моментот на донесување правна одлука предлагам да го почитуваме правото на презумција“,рече таа.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани