2win800x200

Општината Новаци успешно ги користи европските фондови

Јули 22, 2019

Успешна во пристапувањето и искористувањето на европските фондови е Општината Новаци–оцени евроамбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, при денешната посета на Општина Новаци и дел од туристичките локации во овој регион.

Општината Новаци во моментов работи на прекуграничен проект со Грција, кој што започна во мај 2018 година, а ќе заврши во мај 2020 година

Со пари од европските фондови досега се финансирани проектите „Жива историја, жива природа“, беше саниран покривот на црквата во Градешница, мостот во Зовиќ и куќата на Калеш Анѓа во Старавина. Додека пак во проектот „Жива историја, жива природа 2“ беше изграден рекреативниот центар на Коњарка.

-Со амбасадорот Жбогар разговаравме за проектите финансирани од Европската Унија кои ги реализиравме во минатиот период, и лично ќе ги посетиме да види амбасадорот што се е направено со европски фондови. Исто така се договоривме за начинот како во иднина можеме да ги користиме тие европски фондови. Го информиравме амбасадорот дека како општина можеме да ги изработиме тие проекти  што се потребни за да ги поминат тие филтри, за да можеме да ги користиме парите наменети за руралните општини, рече градоначалникот на Општина Новаци, Љубе Кузманоски.

Шефот на Делегацијата на Европската унија во Скопје, Самуел Жбогар, рече дека една од првите препораки што ги добил на почетокот од неговиот мандат било да го посети ова подрачје, да ја истражува природата и го разбере подобро и карактерот на луѓето.

–Како што можете  да забележите ги зачестивме нашите посети на општините, важно ми е да разговарам со луѓето , со градоначалниците и некако да го почувствувам пулсот, односно подобро да разберам каква е оваа земја.  Во оваа прилика морам да истакнам дека иако по бројноста на населението Општината Новаци е доста мала општина, сепак од друга страна е мошне успешна во пристапувањето и искористувањето на европските фондови – нагласи евроамбасадорот Жбогар.

Амбасадорот смета дека од особена важност за Општината Новаци ќе биде поддршката од европските фондови за проектот за наводнувањето, проект што ќе му биде од голема помош за земјоделците и ќе им го олесни  на некој начин животот, а било разговарано и за туристичките потенцијали во овој регион.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани