Август 18, 2019

Street gif

Македонски филм со познати турски актери се снима во Битола

Август 09, 2019

На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје.

Како што соопшти Сектор Филм, станува збор за прв македонски филм снимен на турски јазик. Дејствието на филмот кое се одвива во актуелно време, прикажува неколку испреплетени животни судбини чии патишта се вкрстуваат во определен миг.

Во главните улоги се турските актерски ѕвезди: Ердал Бешикчиоглу во чија филмографија се впишуваат и главна улога во култната серија „Бехзат Ч.“, во филмот „Мед“ што беше добитник на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал и многу други; Белчим Билгин позната по филмовите „Сонот на пеперутката“, „Љубовта ги сака случајностите“, „Сезона на носорогот“ серијата „Сети се сакана“; нашиот актер Ертан Шабан кој се прослави во Турција, Халил Ерѓун, познат на нашите гледачи како Али Риза од серијата „Кога лисјата паѓаат “ и наши познати и успешни актери и актерки: Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други. 

Режисерот Сердар Акар, меѓу останатото ги потпиша сериите со голема гледаност „Долина на Волците“, „Збогум Румелија“, „Бехзат Ч.“,  како и филмовите  „Татковина“, „Долина на Волците: Ирак“, „На Бродот“. 

Сценариото е на Оливер Ромевски, кинематографер на филмот е Дејан Димески (добитник на Сребрена камера 300 на ИФФК „Браќа Манаки“), костимограф е Емилија И. Атанасовска, сценографијата е на Кирил Спасески

Продуцентите на филмот Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор Филм, го реализираат проектoт како македонско-турска копродукција во соработка со турската продуцентска куќа Ен-Те-Џе Медиа (NTC Medya). Филмот е поддржан од  македонската Агенцијата за филм     

                       

1. Klapa The Hardest Thing

2. Serdar Akar Dejan Dimeski

 

4. Bedia Begova Halil Ibrahim Ergun Bulent Sakrak Emine Halil

6. Belcim Bilgin

7. Luran Ahmeti Belcim Bilgin

8. Luran Ahmeti Ertan Shaban 1

9. Bulent Sakrak

10. Sara Klimoska

11. Behreda Reshit Neat Ali

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2019 АПЛА.мк. Сите права се задржани