2win800x200

На денешен ден пред 75 години загинал Славко Лумбарковски

Септември 01, 2019

На денешен ден, 1 септември 1944 година, загинал Славко ЛУМБАРКОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Основно и средно образование учел во родниот град. Уште тогаш е приврзаник на напредното комунистичко движење и член на југословенската младинска комунистичка организација СКОЈ. 

Образованието го продолжи во Србија, односно на Правниот факултет во Белград и на Земјоделскиот факултет во Земун. Учесник во антифашистичкото движење од почетокот на окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија. Кратко време студира во бугарскиот главен град Софија.

Во 1942 г. е уапсен во Битола, физички измачуван и одведен во интернација во градот Ксанти, Тракија. По враќањето од интернација во 1943 г. замина во единиците на НОВ и ПОМ. Загина при нападот на Кичево како заменик на политичкиот комесар на Првата македонска народноослободителна бригада. 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани