2win800x200

Смарт табла за сметководство и пракса за Средното економско училиште во Битола

Септември 02, 2019

Со смарт табла се опреми еден од кабинетите на Средното економско училиште „Јане Сандански“ во Битола како и со десет нови компјутери кои ќе послужат за предметите  сметководство и практична настава.

-Голема благодарност до Општина Битола што во кариерното катче, односно во кабинетот по сметководство и практична настава ни додели смарт табла за изведување на наставата по светководство и пракса.  Заедно со донацијата од Светска банка потпомогната од Министерството за образование и наука уште ни се доделени и десет компјутери коишто ќе бидат со софтверска програма каде што учениците ќе го избегнат оној класичен начин на предавање и преку  таблата ќе ги користат најновите сметководствени програми, инсталирани за изработка на  предметот сметководство и практична настава. Се надевам дека соработката ќе продолжи и понатаму и ќе можеме да опремиме повеќе училници во нашето училиште, изјави Александар Цевтковски, директор на Средното економско училиште „Јане Сандански“-Битола .

Градоначалничката Наташа Петровска најави смарт табли и за други училишта во градот напоменувајќи дека училиштата годинава стартуваат со  подобрена финансиска слика.

-Смарт таблата е исклучително потребна во ова училиште затоа што самата структура на предметите подразбира користење на ваква табла. Ова помагало ќе им ја олесни работата на наставниот кадар, но и прегледноста кај самите ученици. Општина Битола  ќе продолжи да ги поддржува училиштата со ребалансот на буџетот  ќе бидат издвоени дополнителни средства за набавка на смарт табли во сите образовни институции , затоа што современите текови мора да ги следиме за олеснување и на работата на наставниците и на примањето на нови знаења кај  учениците, рече градоначалничката Петровска. 

Оваа година ос страна на Општина Битола се вложени 2, 2 милиони денари во сите образовани институции по низа основи. Во моментов за пет зафати во училишта во Општина Битола течат јавни набавки за инфраструктурни зафати. Туку според Петровска особено е значаен зафатот  за спортската сала во ОУ „Трифун Пановски“ за што завршницата ќе биде оваа година. 

 

 

 

еко 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани