2win800x200

Да се најде чаре за калта по улиците од новата градба кај „Областа“, бараат жителите од оваа населба

Септември 11, 2019

Улиците околу големото градилиште кај „Областа“ и денеска се во кал. Жителите од зградите на улиците „Нико Фундали“ и „Север и Југ“ во Битола каде се гради нов станбен комплекс и денеска  реагираат до Апла.мк, дека улиците каде што  се движат камионите излегувајќи од градилиштето, се постојано со земја и кал. Градежниот оператор ги  прска улиците со возило со техничка вода,  но тоа очигледно не е доволно велат граѓаните илустрирајќи ја ситуација со фотографии од денеска после пладне. Жителите од околните згради бараат од наделжните соодветно и подолгорочно  решение за проблемот.

Општинската комунална инспекција на 17 август годинава  излезе на терен и побара од фирмата изведувач на станбениот комплекс во „Областа“ да го почитува Законот за градба и механизацијата да не излегува од градилиштето  со валкани гуми, туку претходно да ги измие.

Инспекцијата тој ден го затекнaла операторот како веќе ги мие улиците во близина на градилиштето, но сепак фирмата според најавите ќе биде санкционирана. Од Општина Битола информираа дека пред почетокот на секоја градежна сеозна испраќаат писмо до сите градежни компании и  ги потсетуваат да го почитуваат Законот за градба.

обла 1

обла 2

обла

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани