Објавен конкурсот за наградите „4 Ноември“

Септември 13, 2019

Општина Битола го објави конкурсот за доделување на наградата „4-ти Ноември“ за 2019 година. Наградата се доделува на физички и прани лица како знак на општествено признание за значајни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природа како и други сегменти од животот, трудот и творештвото што претставуваат посебен придонес за развојот на општината, Република Северна Македонија и светот.

Наградата се доделува во две категории: едногодишна за достигнувања во периодот од 01.08.2018 до 31.07.2019 година и за животно дело што претставува заокружена континуирана творечка целина. 

 Наградата за едногодишни достигнувања се доделува на правни и физички лица, а за животно дело на едно физичко лице. Наградата за правни лица се доделува во вид на диплома, за поединци во вид на диплома и паричен износ, а за живтно дело во диплома и паричен износ. 

Право на предлагање кандидати имаат правни лица, здруженија на граѓани, групи на граѓани, поединци. 

Предлогот треба да биде детално образложен во писмена форма, во 10 примероци, а за кандидатите поединци да содржи и кратка биографија. 

Предлогот за доделување на награда за печатени или снимени творби се приложува и примеок од нив. 

Конкурот трае од 13.09.2019 до 14.10 2019 година. Предлозите се изнесуваат до УО на Фондот на наградата „4-ти Ноември“ на Општина Битола Ул. Булевар 1-ви Мај бр. 61 Битола.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани