Скопјани со утринскиот воз на кино во Битола, со “швалерскио“ назад во Скопје

Септември 16, 2019

Фествалот „Браќа Манаки“ во соработка со Македонски Желензици овозможува бесплатен групен превоз од Скопје со воз во Битола на настаните кои се дел од 40 фестивалско издание.

Ваква можност имаат 90 лица по 30 во група, три дена во текот на фестивалот, кои се пријавиле на официјланта ФБ страница на „Браќа Манаки“.

За Битола се тргнува со утринскиот воз во 6:42 часот, а враќањето е по полноќ со возот во 3:15 во доцните ноќни или раните утрински часови, по битолски кажано „со швалерскио“.

-Заинтересираните ќе имаат можност бесплатно да пристигнат на Манаки од Скопје во Битола, да ги проследат мастер класовите, дискусиите, филмските проекции и журките по полноќ, а потоа изморени да го фатат „швалерскио“ за Скопје, да дремнат по патот пред новиот ден, велат оргнизаторите на Фестивалот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани