2win800x200

„На врвот“-напиша Васко Ковачевски искачен на ветерна турбина во Богданци

Септември 20, 2019

Васко Ковачевски, генералниот директор на АД ЕСМ и Љупчо Кижевски, помошник-директорот за термоелектрани на директорот за производство, фотографирани при искачувањето на една од турбините во Паркот на ветерни електрани Богданци .

70089649 2400194016700688 2880781586452709376 n

-Се искачивме на една од ветерните турбини во ВЕ Богданци. Столбот на ветерната турбина е висок 80 метри и на него се прикачени куќиштето и роторот со трите перки, со вкупна тежина од 140 тони. Глетката се простира до Солун, соседна Грција, напиша на Инстаграм Ковачевски, означувајќи хаштаг „На врвот“

За да може посетители да се искачат на ветерна турбина, се препорачува брзината на ветрот да биде помала од 17 m/s, поради големите вибрации на врвот на столбот. При брзини на ветрот над 25 m/s, качувањето на турбините е забрането поради безбедносни причини . Исто така поради безбедносни ризици, не се препорачува влез во турбина во периоди кога има појава на грмежи и молњи, информираат од Државните електрани. 

70616232 2400194250033998 2542247647092146176 n

Пред влез во ветерната турбина, таа мора да се исклучи од мрежа.Секоја турбина е опремена со лифт за двајца, кој се наоѓа во средината на столбот, а времето потребно за качување на лифтот од тлото до врвот на турбината изнесува околу 2 минути. Пред качување на турбината секое лице мора да помине куса, 30 минутна обука за движење и безбедност низ турбината.

70747389 2400194520033971 5412023070611210240 n

Исто така, секој посетител мора да потпише безбедносен протокол со опис на неговата здраствена состојба и физичка кондиција. При посета на турбините посетителот мора да има придружба од најмалку две специјално обучени лица од производителот Siemens.


Куќиштето на турбината се отвора и при поволни временски услови глетката на хоризонтот може да се простира и до Солун, соседна Грција.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани