2win800x200

Засилени мерки на безбедност во Битола при посетата на албанскиот Претседател, Илир Мета

Ноември 21, 2017

Битолската полиција преку соопштение до медиумите им се заблагодари на граѓаните за разбирањето за денешниот посебен режим на сообраќај при посетата на албанскиот Претседател на Битола.

„Секторот за Внатрешни работи Битола им се заблагодарува на граѓаните на Општина Битола за укажаното разбирање и соработка со полицијата при  превземањето на мерки за воспоставување на посебен режим на сообраќај во градот Битола, поради денешната официјална посета на Претседателот на Р.Албанија,  Г-дин Илир Мета на Битола,“ пишува во соопштението на СВР Битола.

Битолчани денеска се соочија со ограничено движење низ сообраќајниците во градот, а забележително беше присуството на униформирани полицајци на повеќе локации во централното градско подрачје.

Безбедноста беше подигната на највисоко ниво, а полицијата ја проверуваше општинската зграда со полициски кучиња.

хеликоптер

Неколку минути пред да пристигне возилото на албанскиот претседател, заградта на Општина Битола, ја надлетуваше полициски хеликоптер.

policija2

 

При пристигнувањето на Мета до општинската зграда, пред  13 часот, беше блокиран сообраќајот на „Бул. 1Ви Мај“, а автомобилите беа пренасочувани низ други улици, при што се создаде метеж посебно во старото градско јадро, каде уличките се тесни, и автомобилите тешко се разминуваат.

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани