2win800x200

Опозицијата критикува за аерозагадувањето, власта и порача да не зборува на оваа тема најмалку 10 години

Септември 30, 2019

Информација за мерките што се преземени за подобрување на амбиенталниот воздух во Битола, по барање на опозицијата беше вонредна точка на дневниот ред на денешната седница на Советот. ВМРО-ДПМНЕ го окфалификува извештајот  како срамен, затоа што не содржи доволно информации, а владеачкото мнозинство и порача на опозицијата дека аерозагадувањата е една од неколкуте теми за кои нема право да зборува во наредните 10 години.

- После две години власт да излезете со едно вакво ливче треба одма да си ги отповикате функциите. Во ваките извештаи треба да стои информацијата до каде е проектот за прочистителна станица со кој трајно ќе се реши проблемот на загадување на водите и почвата во Битола. Две години доцните со реализиација и добивте опомена од претставникот на ЕУ во Македонија. Кажавте дека гасот е стигнат до Карамани, Заев се сликаше и кажа дека примарната гасификациона мрежа е стигната во Битола, а Сугаревски кажуваше дека паралелно општините се обврзани да работат на секундарна гасификациона мрежа. А вие имате нула проценти реализација. Во извештајот на невладината Геосфера прецизно беше наведено дека над 70 проценти од загадувањето доаѓа од домаќинствата и објектите кои се под капа на државната и локалната власт а се затоплуваат со фосилни горива. Тоа е така, ама што сте направиле во овие 2 години за да се промени тоа, праша Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на Советот, Валентин Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се самоцензурира и во наредните 10 години да не зборува на неколку теми, меѓу кои и аерозагадувањето, образованието и др, затоа што на тој план не презеле ништо.

- Ќе ве потсетувам секогаш за она што го правевте во минатото и како ја сфаќавте темата. Да ве потсетам кога зборувавме за животна средина и загаден воздух, се смеевте, а еден ваш член не тераше да дуваме во маглата. Кога го прашаа Талески што мисли да преземи за амбиенталниот воздух, цела советничка група седеше позади него и се смееше, а тој иронично и со сарказам велеше ние со божјите сили ништо не можеме, таму горе има некој што се грижи за се, рече Груевски, по што одговори дека сите проекти што ги посочи Тошевски се во фаза на реализација.

-Признавате дека гасоводот стигнал до Битола, иако кога го реков претходниот пат цинично се смеевте, но секогаш кога така правите и цинично се смеете таа работа ќе се реалиирате. Велите дека гасоводот стигна до Битола, ама сега во Општина Битола немала ништо. Проектите за секундарна гасоводна мрежа се работата, а ние како град треба да сме среќни што оваа Влада успеа тој гасовод да го донесе во Битола. Зборувате со потценување и за прочистителната станица иако знаете дека тендерот за надзор заврши, а тој проект се работи. Денес општината објави оглас за субвенционирање на клима инвертори, ама тоа не го споменувате, додаде Груевски.

Габриела Илиевска од „Поинаку“ пак, рече дека нема разлика меѓу минатата и оваа власт, затоа што ниту тогаш ниту сега немало информација за аерозагдувањето.

- Почитуван претседателе сакам да ве прешам, колку пати во претходниот Совет прашавме кои мерки се преземени? Добивме информација? Не. Сега добиваме информација? Не. Кажете ми процентуална реализација на мерки. Што е ова, сега ќе се лажиме со ливчиња? Не може ова денес да биде точка и сите да бидиме задоволни со ова, рече Илиевска.

Од владеачкото мнозинсво се соглаија дека потребни се подетални информации и дека потребно е да се докомплетира извештајот. Груевски  рече дека точката е ставена на дневне ред на барање на опозицијата, што во минатото не можеше да се случи.

-Никој досега не доставуваше вакви извештаи и ова е почеток, а секој почеток е тежок. Можеби требаше побрзо, но признаваме грешки и тоа е доблест. Сега велите дека ова е малце, дека ова било ништо. Легитимно право е вие да кажете дека не сте задовокни од оваа информација, ама понижувате нешто што се вика демократија. Кога прашувате што е сменето, ете тоа е сменето, можноста и желбата да си признаеме грешка и да работиме на пдобрување на состојбата и коригирање на грешките. Се надевам дека ќе добиеме конкретно предлози како ова понатаму подобро да го работиме и ќе составуваме подобри информации во интерес на граѓаните на Општина Битола, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани