2win800x200

Новиот грчки конзул со предлог за соработка помеѓу Битола и Јанина

Октомври 01, 2019

Новиот грчки конзул Ахилеас Ракинас, чие доаѓање на оваа позиција се совпадна со одржувањето на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола, при денешната посета на градоначалничката Наташа Петровска даде предлози за културна соработка меѓу Битола и Јанина, градот каде браќата имале фотографско дуќан.

 Ова беше прва работна и официјална посета на новиот конзул на Генералниот конзулат на Република Грција во Битола, Ракинас со Петровска во нејзиниот кабинет, при што разговараа за повеќе теми. Тој изрази посебно задоволство од големиот број културни настани во градот и даде конкретни предлози за натамошна културна соработка помеѓу Битола и Јанина.

Градоначалничката Петровска го информираше новиот конзул за тековните активности и средбата со градоначалникот на градот Кожани, како и за иницијативата за заедничка соработка на полето на енергетската ефикасност од двете страни на границата.

Двајцата соговорници на средбата истакнаа дека постојат повеќе области во кои соработката може да се проширува, а тука се и меѓуграничните проекти од ИПА програмата кои веќе се во тек на реализација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани