2win800x200

Изложба на книги по повод 11 Октомври поставена во библиотеката

Октомври 09, 2019

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола промовира изложба на книги посветена на претстојниот државен празник 11 Октомври. Станува збор за авторски книги инспирирани од Народноослободителната борба, книги посветени на македонски народни херои, како и други публикации кои се поврзуваат со државниот празник 11 Октомври.

За љубителите на пишуваниот збор, меѓу другите изложени се книгите „Кажување за луѓе и настани од НОБ“ од авторот Боро Китановски, книги за народниот херој Кузман Јосифовски-Питу и поетот револуционер Мите Богоевски, литературен зборник „11 Октомври“, книга за народниот херој Стив Наумов, книгата „Тоде Ивановски – живот и дело“, како и многу други книги чиј издавач е Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Празничните изложби на книги во библиотеката се редовна и традиционална содржина во таа национална установа.

Изложбата на книги посветена на државниот празник 11 Октомври е поместена во фоајето на Библиотеката. 

Извор: МИА

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани