Во Битола секој сака да биде сам свој газда- самовработувањето најатрактивна владина мерка

Октомври 10, 2019

Од оперативните владини мерки за вработување во 2018 и 2019 година најголем интерес во Пелагонискиот регион имало за самовработување. Овој податок го потврди директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, на денешната регионална средба што се одржа во Битола, на која покрај Јовановска, учествуваа и градоначалничката Наташа Петровска и министерката за труд и социјала Мила Царовска.

- Пелагонискиот регион покажа голем интерес за учество во активните мерки, тоа го потврдија работодавачите но и невработените лица, имаме над 350 правни субјекти кои во моментов имаат склучени договори со Агенцијата за вработување, и исто така имаме околу 800 акивни договори со неврботени лица. Од активните мерки за вработување, голем интерес во овој регион има за самовработувањето, потоа практиканството и исто така обуките и преквалификациите за непознат работодавач, посочи Јовановска.

 

IMG 1b0a478a5babaa66aef8c56270755ded Vна оваа средба беше ставен на региналните проблеми, предизвици и потреби во врска со Оперативниот план за вработување за 2020 година. Работодавачаите посочија дека добро е што се субвенционира самовработувањето, како и опрема за мали фирми, но она што е најпотребно во моментот е прекфалификција на невработените.

-Стопанството, министерството и Агенцијата за вработување потребно е зеднички да делуваме, заоа што на стопанството му се потребни соодветни кадри. Ова што во моментот го имаме не е довоно за развој и поддршка на стопнството и се судираме со недостиг на квалификувани и стручни лица, инженери и друг кадар. Тука мора да се вклучи и Министертвото за образование и заеднички да ги усогласиме тие програми. Недостиго има секаде, во сите сектори, изјави Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора-Битола

IMG d7cfec8a0e96cc6746cf3220543298ca V

Министерката за труди и социјална политика Мила Царовска изрази задоволство од реализацијата на оперативните мерки за 2018 и 2019 година.

-Финансиските средства издвоени за 2019 година во висина од 1,1 милијарди денари се искористени, а со ребалансот што е во собраниска процедура планирано е додавање на финансиски средства, посебно за самовработување и за субвенционирање на плати што покажува дека мерките беа добро програмирани. Со бизнис секторот дискутиравме каде се потребни средства за инвестиција, дообука или преквалификации на работници за да може да ги апсорбираат тие работници, пракса која се покажа како добра, и затоа и оваа година продолжуваме со истиот принцип, подетализирано и со директни насоки од бизнис секторот за да ние како Влада можеме да ги прифатиме, а потоа Агенцијата за вработување да ги имплементира потребните обуки, истакна Царовска.

IMG 789e7a95e1d4d2bda3918a22ea6130fd V

Како домаќин на регионалниот состанок во Битола, градоначалничката Наташа Петровска нагласи дека решавањето на проблемите најефикасно се врши со отворена дискусија.

-Новите вработувања најдобро се решаваат во соработка со сите заинтересирани субјекти посветени на овој проблем. Со отворена дискусија можеме да извлечеме заклучоци, да воочиме каде се движиме и што треба да направиме, каде можеме да имаме подобрување. Регионалниот состанок овозможува да ги реализираме нашите амбиции, рече Петровска.

 

IMG 129042a20f0396996de96e7f393f2b2e VСредбата во Битола се одржа со поддршка од проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани