2win800x200

Битола го чествува 11 Октомври-денот на македонската борба за слобода

Октомври 11, 2019

Во Битола се одбележа 11 Октомври, денот кога пред 78 години македонскиот народ се приклучи кон антифашистичката војна. Претставници на Созјузот на борците, градоначалничката, членови на  општинскиот Совет, политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМН, како и нивните подмладоци,  положија цвеќе пред Споменикот на револуцијата пред Центарот за култура.

-Секоја револуција остава траги и континуитет. Така беше со Илинденското востание во 1903 година, кое остави длабоки траги за наредното востание што се случи на 11 Октомври 1941 година. Овој е еден од најзначајните настани затоа што со тоа ја добивме слободата, формиравме држава за идните поколенија, а целта беше да создадеме подобри услови за живот, затоа што тоа беше не само војна, туку и социјална револуција, рече Александар Трајковски, претсдатела на ОО на Сојуз на борци-Битола.

borci

-Денес е еден од најзначајните празници од нашата историја, денот кој што е поврзан со нашата слобода нашата неависност, просперитетот и нашата иднина. Токму во оваа прилика сакам да се заблагодарам за сите оние наши борци кои ги положија своите животи токму за нашата слобода, рече градоначалничката Наташа Петровска на чествувањето.

natasa petrovska

Делегациите положија свежо цвеќе и пред споменикот на народниот херој  Стив Наумов, а ги посетија и Партизанските гробишта и се поклонија пред вечните живеалишта на хероите кои го положија животот за слободата на нашата земја.

72144920 10211701285488281 4336287269389336576 n

72118570 3058139534224440 224385923519873024 n

72284424 10211701285528282 8270027492010491904 n

sovet

sdsm

mladi sdsm

vmro

mladi vmro

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани